Бараме Административен асистент / Помошник сметководител кој ќе биде задолжен за поддршка на нашите дневни административни и сметководствени операции.
Задачи:
- Внесување на сметководствени и материјални податоци во софтверски систем;
- Подготвување на фактури, сметки и друга релевантна документација;
- Подготвување и водење на градежни книги и дневници;
- Подготовка на разни извештаи;
- Секојдневно следење и поврзување на банкарски трансакции и изводи;
- Водење и организирање на патни и работни налози;
- Усогласување на меѓукомпаниски салда (плаќања-побарувања);
- Дневни трансфери/плаќања и банкарско усогласување;
- Редовна комуникација со одговорни лица, информирање за салда и други релевантни информации;
- Вршење на процедури за затворање на месецот и крајот на годината, проверка на комплетноста и точноста на сметките;
- Организација на канцелариските обврски;
- Архивирање на предмети;
- Подготовка и ажурирање на потребна документација и договори, врз основа на претходни драфт темплејти;
- Помош при подготовка на документи за јавни набавки;
- Комуникација и организација со клиенти, прием на повици, е-маил пораки;
- Навремено вршење на административни активности во согласност со канцелариските и компаниските правила и процедури;
- Останати работни активности од делокругот на работното место и поддршка на активностите на фирмата.
Барања:
- Најмалку 2 години прогресивно искуство во администрација и/или сметководство;
- Не е задолжителна диплома од факултет, но за предност ќе се смета Високо стручно образование – Економски факултет
- Најмалку средно ниво на владеење во MS Word и MS Excel е задолжително (напредното би било предност);
- Писмени и усни комуникациски вештини на македонски јазик, додека напредно познавање на англискиот јазик се смета за предност;
- Аналитички вештини за решавање проблеми;
- Критичко размислување и активно учење;
- Силни организациски и интерперсонални вештини, со развиено чувство за одговорност;
- Способност за самостојно работење, одредување приоритети и самоиницијативност;
Бенефиции:
- Воведување во работата со обука од ментори (искусен сметководител и проект менаџери);
- Одлични можности за раст и напредок;
- Навремени и сигурни примања со можност за дополнителен бонус во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи;
- Позитивна меѓународна работна средина;
- Флексибилно работно време помеѓу 07:30 до 17:30 часот, 8 часа во склоп со потребите и активностите;
- Можност за работа од дома по потреба;
- Бонус за препорачан пријател за работа;
- Процент од донесен проект;
- Платени обуки кои опфаќаат стручна подготовка и напредок, обука за софтвер и многу повеќе;
- Опсегот на платата зависи од нивото на вештини и искуство;
- Пријатна работна атмосфера;
- Слободен ден за роденден.
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV).