Бараме Електро-техничар во тимот за одржување кој ќе биде клучен член на нашиот тим, одговорен за одржување на компјутерски, телекомуникациски, електрични системи и опрема. Потребен ни е посветен, внимателен и кандидат со страст кон технологијата и иновациите.
Задачи:
- Идентификување и решавање на проблеми со електрични системи и опрема;
- Редовно одржување, обиколки и инспекции на електрични инсталации и системи;
- Вршење на електроинсталацијски работи во согласност со важечките стандарди и безбедносни протоколи;
- Тесна соработка со тимот за одржување, менаџментот и спроведување на одржувачки интервенции;
- Документирање на извршените работи и потребни делови;
- Поддршка при имплементација на нови проекти и технологии;
- Учество во развој и имплементација на плановите за превентивно одржување.
Барања:
- Завршено средно стручно образование во областа на електротехника, високо образование се смета за предност;
- Најмалку 2 години искуство во областа на електротехниката;
- Поседување на валидна возачка дозвола – Б категорија
- Познавање на актуелните електрични кодови и стандарди;
- Способност за анализа на технички проблеми и нивно ефективно решавање;
- Одлични комуникациски и тимски вештини;
- Способност за работа под притисок и прилагодување на динамични услови;
- Вештини за работа со компјутери;
- Работа на терен;
- Познавање на MS Office пакетот на алатки.
Бенефиции:
- Конкурентна плата и бонус систем врз основа на учинок;
- Динамична и поддржувачка работна средина;
- Можности за професионален развој и напредување;
- Обука и едукација во областа на најновите технологии и работни процедури;
- Работа во тим со искусни професионалци;
- Флексибилно работно време;
- Позитивна меѓународна работна средина;
- Бонус за препорачан пријател за работа;
- Процент од донесен проект;
- Опсегот на платата зависи од нивото на вештина и искуство;
- Пријатна работна атмосфера;
- Слободен ден за вашиот роденден;
- Бонуси за постигнување на тимски и индивидуални цели.
Ако сте мотивирани и спремни да придонесете кон успехот на нашата компанија, испратете ја вашата апликација вклучувајќи CV и мотивациско писмо. Приклучете се кон нашиот тим и помогнете ни да градиме подобра иднина со иновативни решенија!