Административен асистент

Бараме Административен асистент / Помошник сметководител кој ќе биде задолжен за поддршка на нашите дневни административни и сметководствени операции.

 

Задачи:

  • Внесување на сметководствени и материјални податоци во софтверски систем;
  • Подготвување на фактури, сметки и друга релевантна документација;
  • Подготвување и водење на градежни книги и дневници;
  • Подготовка на разни извештаи;
  • Секојдневно следење и поврзување на банкарски трансакции и изводи;
  • Водење и организирање на патни и работни налози;
  • Усогласување на меѓукомпаниски салда (плаќања-побарувања);
  • Дневни трансфери/плаќања и банкарско усогласување;
  • Редовна комуникација со одговорни лица, информирање за салда и други релевантни информации;
  • Вршење на процедури за затворање на месецот и крајот на годината, проверка на комплетноста и точноста на сметките;
  • Организација на канцелариските обврски;
  • Архивирање на предмети;
  • Подготовка и ажурирање на потребна документација и договори, врз основа на претходни драфт темплејти;
  • Помош при подготовка на документи за јавни набавки;
  • Комуникација и организација со клиенти, прием на повици, е-маил пораки;
  • Навремено вршење на административни активности во согласност со канцелариските и компаниските правила и процедури;
  • Останати работни активности од делокругот на работното место и поддршка на активностите на фирмата.

 

Барања:

  • Најмалку 2 години прогресивно искуство во администрација и/или сметководство;
  • Не е задолжителна диплома од факултет, но за предност ќе се смета Високо стручно образование – Економски факултет
  • Најмалку средно ниво на владеење во MS Word и MS Excel е задолжително (напредното би било предност);
  • Писмени и усни комуникациски вештини на македонски јазик, додека напредно познавање на англискиот јазик се смета за предност;
  • Аналитички вештини за решавање проблеми;
  • Критичко размислување и активно учење;
  • Силни организациски и интерперсонални вештини, со развиено чувство за одговорност;
  • Способност за самостојно работење, одредување приоритети и самоиницијативност;

 

Бенефиции:

  • Воведување во работата со обука од ментори (искусен сметководител и проект менаџери);
  • Одлични можности за раст и напредок;
  • Навремени и сигурни примања со можност за дополнителен бонус во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи;
  • Позитивна меѓународна работна средина;
  • Флексибилно работно време помеѓу 07:30 до 17:30 часот, 8 часа во склоп со потребите и активностите;
  • Можност за работа од дома по потреба;
  • Бонус за препорачан пријател за работа;
  • Процент од донесен проект;
  • Платени обуки кои опфаќаат стручна подготовка и напредок, обука за софтвер и многу повеќе;
  • Опсегот на платата зависи од нивото на вештини и искуство;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Слободен ден за роденден.

Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV).

Електро-техничар во тимот за одржување

Бараме Електро-техничар во тимот за одржување кој ќе биде клучен член на нашиот тим, одговорен за одржување на компјутерски, телекомуникациски, електрични системи и опрема. Потребен ни е посветен, внимателен и кандидат со страст кон технологијата и иновациите.

Задачи:

  • Идентификување и решавање на проблеми со електрични системи и опрема;
  • Редовно одржување, обиколки и инспекции на електрични инсталации и системи;
  • Вршење на електроинсталацијски работи во согласност со важечките стандарди и безбедносни протоколи;
  • Тесна соработка со тимот за одржување, менаџментот и спроведување на одржувачки интервенции;
  • Документирање на извршените работи и потребни делови;
  • Поддршка при имплементација на нови проекти и технологии;
  • Учество во развој и имплементација на плановите за превентивно одржување.

 

Барања:

  • Завршено средно стручно образование во областа на електротехника, високо образование се смета за предност;
  • Најмалку 2 години искуство во областа на електротехниката;
  • Поседување на валидна возачка дозвола – Б категорија
  • Познавање на актуелните електрични кодови и стандарди;
  • Способност за анализа на технички проблеми и нивно ефективно решавање;
  • Одлични комуникациски и тимски вештини;
  • Способност за работа под притисок и прилагодување на динамични услови;
  • Вештини за работа со компјутери;
  • Работа на терен;
  • Познавање на MS Office пакетот на алатки.

 

Бенефиции:

  • Конкурентна плата и бонус систем врз основа на учинок;
  • Динамична и поддржувачка работна средина;
  • Можности за професионален развој и напредување;
  • Обука и едукација во областа на најновите технологии и работни процедури;
  • Работа во тим со искусни професионалци;
  • Флексибилно работно време;
  • Позитивна меѓународна работна средина;
  • Бонус за препорачан пријател за работа;
  • Процент од донесен проект;
  • Опсегот на платата зависи од нивото на вештина и искуство;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Слободен ден за вашиот роденден;
  • Бонуси за постигнување на тимски и индивидуални цели.

 

Ако сте мотивирани и спремни да придонесете кон успехот на нашата компанија, испратете ја вашата апликација вклучувајќи CV и мотивациско писмо. Приклучете се кон нашиот тим и помогнете ни да градиме подобра иднина со иновативни решенија!